Слика
Главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски, на 17 декември 2021 година, оствари билатерална средба во Република Србија, каде се сретна со Претседателот на Државната ревизорска институција, д-р Душко Пејовиќ, во врска со заедничката ревизија на успешност.
На средбата одржана во Врање, Република Србија делегациите на двете врховни ревизорски институции (ВРИ) разговараа за темите за спроведување на паралелни ревизии релевантни за двете институции, како и за други активности во насока на продлабочување на соработката помеѓу двете врховни ревизорски институции.