dzr
ДРЖАВЕН ЗАВОД
ЗА РЕВИЗИЈА
ЧУВАР НА ЈАВНИТЕ СРЕДСТВА

Билатерална посета во Државниот завод за ревизија на Србија

06.11.2021
Слика
Билатерална посета во Државниот завод за ревизија на Република Србија

Делегација на Државниот завод за ревизија, предводена од Главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски, престојува на билатерална посета во Република Србија каде оствари средба со Претседателот на Државната ревизорска институција на Република Србија, Душко Пејовиќ.

Цел на остварената посета е размена на искуства и знаења во областа на ревизија на буџетите на единиците на локалната самоуправа, ревизија на државниот буџет, како и планирање на заеднички активности и идна соработка на двете врховни ревизорски институции.