dzr
ДРЖАВЕН ЗАВОД
ЗА РЕВИЗИЈА
ЧУВАР НА ЈАВНИТЕ СРЕДСТВА

Ресертификација на системот за квалитет во ДЗР

03.06.2021
Слика
Сертификати за безбедност на квалитет

На 27.05.2021 година, во Државниот завод за ревизија беше спроведена ресертификациска проверка на системот за квалитет од овластени оценувачи согласно стандардот МКС EN ISO 9001:2015.

За таа цел, беше извршена темелна проверка на повеќе организациски единици во ДЗР врз основа на преземени мерки по однос на  ризици во работењето, компетентност на кадрите за вршење на работните процеси, како и документирањето, планирањето и управувањето со процесите. Притоа, беше опфатено и мерењето на задоволството на корисниците од информациите кои ги пласира во јавноста ДЗР за издадените мислења во ревизорските извештаи и дадените препораки.

Со ресертификациската проверка е оценето дека Државниот завод за ревизија има постигнато соодветно ниво на институционален развој и кадровска структура и особен квалитет на процесите и се очекува во текот на 2021 година да се пристапи кон проширување на процесите кои ќе бидат опфатени согласно наведениот стандард во делот на редовното континуирано професионално усовршување на државните ревизори согласно Годишниот план за КПУ за вработените во ДЗР.

По извршената проверка, на Државниот завод за ревизија од страна на овластеното сертификационо тело ИНТЕРЦЕРТ Скопје, му беше издаден формален сертификат за успешно завршена ресертификација по однос на системот за управување со квалитет МКС EN ISO 9001:2015.