dzr
ДРЖАВЕН ЗАВОД
ЗА РЕВИЗИЈА
ЧУВАР НА ЈАВНИТЕ СРЕДСТВА

Регионални предизвици поврзани со трошоци во време на Ковид 19

16.12.2020
Слика
Учесници SIGMA

Претставници од Државниот завод за ревизија учествуваа на онлајн работилница на тема „Ревизии поврзани со трошоците во време на пандемија Ковид 19“, организирана од страна на СИГМА во рамки на мрежата на Врховните ревизорски институции на земјите кандидати и потенцијални кандидати за членство во Европската Унија, како и претставници на Европски врховни ревизорски институции.

На настанот со свои презентации се обратија претставници од Врховните ревизорски институции на повеќе земји и тоа: Република Северна Македонија, Србија, Албанија, Косово, Босна и Херцеговина, Албанија и Турција. Претставниците на различните ВРИ, искористија можност да ги истакнат своите согледувања, искуства и практики во постапувањето на ВРИ во услови на пандемија Ковид 19, воедно осврнувајќи се на идните предизвици со кои се соочуваат во извршувањето на ревизорските активности.

Главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски, во контекст на постапувањето за време на пандемија Ковид 19, истакна дека Државниот завод на ревизија активно го следи системот на државно управување и менаџирање во услови на пандемија и начинот на користењето на јавните средства од страна на институциите и установите кои се вклучени во менаџирањето на состојбата со пандемијата.

Во таа смисла, Државниот завод за ревизија со измена на годишната програма за работа на ДЗР, предвиде и веќе тековно реализира две ревизии на усогласеност поврзани со трошоците за време на пандемијата Ковид 19 и тоа на теми:

  • „Доделување на договори за јавни набавки од страна на институциите во јавниот сектор со цел превенција и заштита од пандемијата предизвикана од корона вирусот;
     
  • „Добивање на не финансиска помош, распределба и користење од страна на институциите во јавниот сектор со цел превенција и заштита од пандемијата предизвикана од корона вирусот“

Истовремено, главниот државен ревизор даде предлог за реализирање на заедничка паралелна ревизија од страна на ВРИ во регионот, за начинот на којшто се трошат јавните средства од страна на буџетските корисници во услови на пандемија со која се соочуваат сите земји членки и земји кандидати за членство  во Европската Унија.