dzr
ДРЖАВЕН ЗАВОД
ЗА РЕВИЗИЈА
ЧУВАР НА ЈАВНИТЕ СРЕДСТВА

Благодарница за ДЗР од министерот Филипче

06.07.2020
Слика
Благодарница за ДЗР

За покажаниот ангажман и придонес во справувањето со пандемијата предизвикана од Коронавирусот, министерот за здравство Венко Филипче му додели  благодарница на Државниот завод за ревизија.

Укажувајќи на потребата од солидарност, Државниот завод за ревизија и главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски самоиницијативно и низ личен пример издвоија парични средства за оваа намена. Во контекст на дадениот придонес и поддршка во борбата против коронавирусот на главниот државен ревизор му е доделена „Благодарница“ од ЈЗУ Универзитетска клиника за инфективни болести и фебрилни состојби. 

Издвоените парични средства беа уплатени на посебната наменска сметка на Министерството за здравство, како поддршка за активностите кои се спроведуваат за справување со заканата по јавното здравје на граѓаните на нашата држава произлезена од Ковид- 19 вирусот.

Државниот завод за ревизија продолжува со своите заложби за почитување на сите предвидени мерки за заштита на своите вработени, истовремено давајќи поддршка на сите надлежни органи во борбата против пандемијата.