dzr
ДРЖАВЕН ЗАВОД
ЗА РЕВИЗИЈА
ЧУВАР НА ЈАВНИТЕ СРЕДСТВА

Младите лекари со донација за Државниот завод за ревизија

11.06.2020
Слика
Млади лекари

Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари (АСМЛ) во рамки на својата акција „3Д Принт Медицинска опрема“, донираа заштитни визири за Државниот завод за ревизија.

Донацијата е со цел да се обезбеди заштитна опрема за вработените во Државниот завод за ревизија во услови на епидемија со која се соочуваме секојдневно, во ситуација во која е неопходно да се почитуваат мерките за заштита и претпазливост во справувањето со вирусот КОВИД-19.

За таа цел, Државниот завод за ревизија упатува благодарност за добиената донација и потсетува за потребата од максимално совесно и одговорно пристапување кон спроведувањето на мерките утврдени од страна на  надлежните државни органи за превенција и спречување на ширењето на заразата од корона вирус КОВИД-19.

Нашата заедничка желба е успешно да го совладаме предизвикот со кој сме сите соочени, а меѓусебната поддршка и помош е клучна во остварувањето на оваа цел.