dzr
ДРЖАВЕН ЗАВОД
ЗА РЕВИЗИЈА
ЧУВАР НА ЈАВНИТЕ СРЕДСТВА

ВРИ на САД - соработка за ревизии на успешност

30.09.2019
Слика
ВРИ на САД нудат соработка

Одржувањето на конгресот на INCOSAI во Москва, Руската Федерација, беше можност делегација на Државниот завод за ревизија, предводена од заменик главниот ревизор Насер Адеми, да оствари средба со делегација на Американска владина канцеларија за одговорност (U.S. GAO), предводена од Џин Додаро, главен раководител на оваа врховна ревизорска институција во Соединетите Американски Држави.

За време на средбата, која се одржа на 27 септември, беше иницирана потребата за поддршка од страна на Американска владина канцеларија за одговорност за зајакнување на капацитетите за ревизија на Државниот завод за ревизија, особено во однос на ревизијата на успешност каде колегите од САД имаат значително искуство.

Главниот раководител на ВРИ на САД, Џин Додаро ги престави можните начини на соработка за надградување на ревизорските вештини кои ги нуди U.S. GAO, како и примери за соработка со повеќе врховни ревизорски институции во регионот и пошироко.

Двете делегации изразија задоволство за можноста за взаемна соработка и разменија контакти за договарање на понатамошните активности.