dzr
ДРЖАВЕН ЗАВОД
ЗА РЕВИЗИЈА
ЧУВАР НА ЈАВНИТЕ СРЕДСТВА

ВРИ на Израел иницираше соработка со ДЗР

30.09.2019
Слика
ВРИ на Израел иницираше соработка со ДЗР

За време на 23-от конгрес на INCOSAI, кој се одржа во Москва, Русија (23-28 септември), делегација на Државниот завод за ревизија предводена од заменик главниот ревизор Насер Адеми на 26 септември оствари средба на највисоко ниво со делегацијата на Канцеларијата на државниот ревизор и омбудсман на Израел.

По преставување на двете делегации, државниот ревизор и омбудсман на Израел,  Матанјаху Енглман иницираше на соработка со Државниот завод за работа заради унапредување на капацитетите за ревизија. Заменик главниот државен ревизор Насер Адеми се заблагодари на иницијативата и изрази подготвеност за понатамошна соработка која ќе биде детализирана во наредниот период.