dzr
ДРЖАВЕН ЗАВОД
ЗА РЕВИЗИЈА
ЧУВАР НА ЈАВНИТЕ СРЕДСТВА

Објавен Годишниот извештај на ДЗР за 2018 година

28.06.2019
Слика
Државен завод за ревизија

Државниот завод за ревизија го подготви и го објави на својата WEB страница „Годишниот извештај за работа во 2018 година“. Извештајот е подготвен на 277 страници и на три јазици: македонски, албански и англиски. Во Годишниот извештај се содржани важни информации и ревизорски препораки кои се од значење за подобрување на финансиското управување о одговорното трошење на јавните средства од страна на субјектите кои се предмет на вршење ревизија.

Во овој годишен извештај се пласирани информациите за извршените 66 ревизии (осум повеќе од 2017 година). Од нив 54 се извршени ревизии на регуларност, една ревизија на усогласеност, четири ревизии на успешност и 3 Follow up ревизии.  Предмет на ревизија беа 102 субјекти. Издадени се 117 ревизорски извештаи во кои се содржат 1.171 ревизорски наоди со 799 напишани ревизорски препораки.

Во Годишниот извештај се презентирани (низ бројки и проценти) и видот на даденото ревизорско мислење, како и преземените мерки по дадените препораки во ревизорските извештаи.  

Во контекст на подобар и побрз преглед на ревизорските активности ви го презентираме  прегледот преку една збирна табела. 

Повеќе информации на „Годишни извештаи“