dzr
ДРЖАВЕН ЗАВОД
ЗА РЕВИЗИЈА
ЧУВАР НА ЈАВНИТЕ СРЕДСТВА

Заменик претседателот на владата Бујар Османи во работна посета на ДЗР

03.04.2019
Слика
Заменик претседателот на владата Бујар Османи во работна посета на ДЗР

Разговори за предизвиците поврзани со европските интеграции


Заменик претседателот на владата Бујар Османи, задолжен за европските прашања, заедно со делегација на Секретаријатот за европски прашања оствари работна посета на Државниот завод за ревизија на Република Северна Македонија. Притоа разговорите се водеа со делегација на ДЗР предводена од заменик главниот државен ревизор Насер Адеми, а во која беа и Александар Поповски, генерален секретар и Тања Јаневска, ПГДР.

Разговорите меѓу двете делегации беа на повеќе теми како имплементација на реформите од Планот 18, предизвиците поврзани со европските интеграции, соодветниот „Трак рекорд“ на активности од спроведување на реформите.

Притоа, челните луѓе на двете институции имаа прес-конференција со новинарите и одговараа на нивните прашања.

- Државниот завод за ревизија е една од клучните институции во процесот на европските интеграции и претставува клучна институција во контролирање на трошењето на јавните средства. Во таа насока, ДЗР е вклучен во процесот на европските интеграции и ние ќе мораме да го исполниме барањето на Европската унија и да направиме ДЗР да стане уставна категорија, нешто кое е услов за почнување на преговорите со европската унија, - рече Бујар Османи пред новинарите.

Заменик главниот државен ревизор Насер Адеми се осврна на претстојните претседателски избори и изборната кампања и соработката со собранието при што изјави:

-Политичките партии и медиумите уредно ги доставуваат до Државниот завод за ревизија сите потребни документи поврзани со претседателските избори. Овие избори, за првпат, ќе бидат финансирани од буџетски пари и тоа е обврска за нас, како ревизорска институција, да извршиме ревизија на трошењето на овие средства во изборната кампања. Покрај оваа активност, ние како ДЗР се стремиме и настојуваме да ја продлабочиме соработката со Собранието на Република Северна Македонија  и тоа преку разгледување на поединечните ревизорски извештаи на пленарни седници.  Тоа е наша цел и ние работиме на нејзино остварување и преку активностите на Компонента 3 во рамките на твининг проектот со Врховните ревизорски институции на Република Хрватска и на Република Бугарија. Тоа е проект кој е финансиран од Европската унија.