На ден 16.09.2025 година, Државниот завод за ревизија (ДЗР), Државната изборна комисија (ДИК) и Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) ја потврдија својата определба за транспарентност и интегритет во изборниот процес преку потпишување на Меморандум за соработка.
Со овој документ се зајакнува меѓусебната соработка и координација и се обезбедува поддршка во:
🔹следење и контрола на финансирањето на изборните кампањи,
🔹размена на информации и навремено постапување при утврдени неправилности,
🔹 заеднички активности за унапредување на почитувањето на изборната регулатива.
Особено значење е ставено на транспарентноста – преку редовна размена на финансиски извештаи и соработка во постапки од заеднички интерес, како и иницирање на заеднички проекти и активности.
Со потпишувањето на овој Меморандум, трите институции испраќаат јасна порака: гаранција за фер, слободни и демократски избори и зајакнување на довербата на граѓаните во институциите.