dzr
ДРЖАВЕН ЗАВОД
ЗА РЕВИЗИЈА
ЧУВАР НА ЈАВНИТЕ СРЕДСТВА

Објектите за спорт во сопственост на државата управувани од јавно претпријатие кое законски престанало да постои на 1 мај 2017 година

24.07.2025

 ДРЖАВЕН ЗАВОД ЗА РЕВИЗИЈА
- Соопштение за медиуми-
           

Скопје,  24.07.2025  година

 

Објектите за спорт во сопственост на државата управувани од јавно претпријатие кое законски престанало да постои на 1 мај 2017 година

 

Основачот на јавното претпријатие во континуитет заклучно со 2023 година, донесува акти за назначување на одговорни лица и членови на Управен одбор и покрај тоа што често со закон се укинува

 

Државниот завод за ревизија изврши ревизија на финансиските извештаи на Јавното претпријатие за стопанисување со објекти за спорт во сопственост на Република Северна Македонија (во натамошниот текст- ЈП) за 2023 година за кои се воздржуваме од изразување на мислење за вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи и за усогласеност на финансиските трансакции со релевантната законска регулатива, упатства и воспоставените политики.

Ревизијата не е во можност да ги потврди вредностите во Билансот на состојба поради тоа што:

  • повеќе години наназад не е извршен попис на средствата, побарувањата и обврските и не е вршено усогласување на сметководствената евиденција со фактичката утврдена со попис;
  • голем дел од документацијата на ЈП  е изгубена поради поплава во деловните простории или одземена во истражни постапки од надлежни органи;
  • почнувајќи од јануари 2020 година сметководствената евиденција ја врши надворешен правен субјект без при тоа да постои доказ дека за сите позиции во Билансот на состојба искажани на ден 31.12.2019 година ЈП има предадено поткрепувачка и веродостојна документација за нивната дотогаш утврдена вредност.

Јавното претпријатие располага со земјиште, градежни објекти, опрема, транспортни средства, средства во подготовка со проценета вредност од 1.971.377 илјади денари, или 31.951.004 евра.  За евидентираните земјишта и градежни објекти, ЈП не располага со податоци со кој имот реално располага, нема одлуки на Влада и имотни листови како доказ за стекнато право на користење или нивна сопственост, ниту пак постојат историски податоци за нивната вредност, исправка на вредноста, вредносно усогласување низ годините или извршена процена.

За постројките, опремата и транспортните средства, ЈП не располага со документација или евиденција со која ќе потврди дека истите се проценети според набавната ревалоризирана вредност и пресметана амортизација согласно законски прописи.

Побарувања од купувачи по склучени договори за закуп на спортски објекти и/или делови:

1

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Постои реална можност 82% од евидентираните побарувања да не се наплатат.

За неисплатените плати кон вработените и неисплатени надоместоци кон членови на УО во износ од 61.448 илјади денари: не беа презентирани акти, одлуки за утврдување и пресметување на платите за вработените, согласности од Владата (како основач), персонални досиеја за вработените. Во 2023 година вработени се четири лица, двајца в.д. директори, а платите и надоместоците долг период се исплаќаат преку цесии и асигнации.

За обврските спрема добавувачи  во износ од 32.465 илјади денари утврдивме дека за 30% од нив или 9.890 илјади денари не постои податок за назив на добавувачот поради што не е можно да се утврди нивната основаност и законитост, додека 9.426 илјади денари или 29% од обврските се неплатени обврски за електрична енергија, водовод и канализација, поштенски услуги и сл.

Обврските за: данок на додадена вредност, персонален данок на доход/данок на личен доход, данок од добивка, даноци и придонеси за плата и надоместоци проценети во износ од 111.870 илјади денари или 1.813.128 евра, не се усогласени со состојбите во бруто билансот и не се кореспонденти со податоците објавените од УЈП за долгови кои не се платени до 31.12.2023 година, по истите основи.

Ревизорите не беа во можност да потврдат дека приходите за 2023 година во износ од 6.212 илјади денари се според сите активни договори и во висина на договорениот надомест за закуп:

 

2

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Со измени, дополнувања и одложувања на примена на одредбите со кои се укинува ЈП, а надлежностите  се пренесуваат на органот надлежен од областа на спортот за објектите од национално значење[1], како и нивно поништување 13 дена откако влегле во сила[2], придонеле ЈП и понатаму да работи без законски основ.

Основачот на ЈП во континуитет до 2023 година именува директори и членови на УО на ЈП, при  тоа, по последното разрешување на членови на Надзорен одбор од 2017 година,  ЈП функционира без надзорен орган.

Ревизорите утврдија дека ниту со одлуката за основање на ЈП, ниту со Статутот на ЈП, ниту пак со Законот за спорт од 2002 година е извршено точно определување и специфицирање  кои објекти за спорт ќе бидат во делокругот на стопанисување на јавното претпријатие.

Јавното претпријатие не располага со точни податоци и информации за спортските објекти во сопственост на државата со кои управува, не е извршено запишување во јавните книги, што создава ризик за незаконско постапување со државниот имот.

Ревизорите извршиле анализа на договорите за дел од објектите кои се дадени на користење на други правни субјекти при што е утврдено дека:

      • објектите се даваат под закуп на долг период 20-30 години;
      • договорените закупнини се мали во однос на просторот што се дава, а закупецот може истите да ги дава во подзакуп;
      • не постои документација за промените запишани во имотните листови во однос на сопственост од легализација, приватизација или по друг основ;
      • нема документација со која ќе се потврдат инвестициските вложувања од страна на закупецот предвидени со договорите;
      • се отуѓува имот од јавен интерес преку извршни постапки;
      • и покрај раскинатите договори, закупците не ги напуштаат објектите и понатаму бесправно ги користат;
      • не преземањето на објектите од страна на единиците на локална самоуправа придонело за поголемо запуштање, руинирање на објектите, нивно користење за намени кои не се во насока на спортот како и бесправно владеење.
      • нема доказ дека имот што согласно договор со ГТД Бетон Струмица АД Струмица, како соинвеститор му следи на ЈП, околу 781 м2 простор, го има примено во владение, ниту пак има доказ дека објектите се  изградени.

 

3

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Слика 1:  Скопско лизгалиште на Кале некогаш и сега

 

4

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Слика 2: Скопски отворен базен на Кале некогаш и сега

 

5

 

 

 

 

 

 

         

 

 

 

Слика 3:  ,,Ракометно игралиште во Градски парк во Скопје пренаменето во дискотека

 

A building with a puddle of water

Description automatically generated

6

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Слика 4:  ,,Затворен базен во општина Чаир кој  се користи за магацински простории

 

Во извештајот обелоденуваме состојби што се однесуваат на не преземање на мерки и активности за спроведување на законските одредби од страна на Владата и Агенцијата за млади и спорт по укинувањето на ЈП, поради што ЈП сеуште опстојува  и работи, има активен статус во Централниот регистер, не е решен статусот на вработените, се генерираат нови обврски и загуби од работењето како и загуби на имотот на државата.

Го нагласуваме прашањето за исплата на 78.363 илјади денари по судски спор што ЈП треба да ја исплати на закупецот на објектот „Олимписки базен“ во Скопје. Обврската произлегува од  договор од 2004 година и анекс од 2006 година со кој е продолжен периодот на закуп на објектот до 2035 година и со компензација однапред е признаена и наплатена закупнина за 373 месеци (31 година) во износ од 20.682 илјади денари (336.288 евра) по основ на фактури за  вложувања во објектот, кои фактури не и беа приложени на ревизијата, а неизвесно е дали ЈП располага со истите.

Укажавме на Министерството за спорт и основачот од потребата за утврдување на сите објекти кои биле во надлежност на ЈП и нивниот статус, како и преиспитување на законитоста на сите договори за закуп склучени помеѓу ЈП и трети лица со цел преземање на мерки за минимизирање на правните и финансиските ризици и заштита на државниот имот.

 

Прес  контакт:

Албиона  Мустафа Мухаџири  +389 72228 203 [email protected] 
Мијалче  Дургутов  +389 70 358 486 [email protected] 
Мартин Дувњак    +389 75 268 517 [email protected]

 

[1] Службен весник на Република Македонија 148/13, 42/14, 177/14

[2] Службен весник на Република Македонија 72/15