dzr
ДРЖАВЕН ЗАВОД
ЗА РЕВИЗИЈА
ЧУВАР НА ЈАВНИТЕ СРЕДСТВА

Делегација на ДЗР во работна посета на Европскиот суд за ревизори

04.10.2024

Главниот државен ревизор, м-р Максим Ацевски, заедно со Заменикот Главен државен ревизор, м-р Орхан Адеми, и Помошникот главен државен ревизор, г-ѓа Тања Јаневска, успешно ја реализираа работната посетата на Европскиот суд на ревизори (ЕСР) во Луксембург. Во придружба на Заменикот Главен ревизор за ИПА, д-р Иван Игњатов, остварија работна средба со Претседателот на Европскиот суд на ревизори, г-дин Тони Марфи.

Во текот на посетата, разменети беа искуства во ревизијата на ЕУ средства, со фокус на предизвиците од новиот план за раст на Западен Балкан и ИПА 3 програмите. На состанокот се нагласи потребата за зајакнување на институционалната соработка, предлагајќи стажирања и обуки во Европскиот суд на ревизори, како и организирање на обуки во Република Северна Македонија од експерти од ЕСР.

Во текот на посетата, беа разгледани и важни теми со директорот на Комората III, вклучувајќи Мислењето на ЕСР за средствата за реформи и раст, работа на ревизијата на Изјавата за уверување на МФФ 6, специјалниот извештај за владеењето на правото во Западен Балкан, предизвиците во ревизијата на проекти финансирани од ЕУ, како и следењето на препораките од ревизорските извештаи.

Овие иницијативи се клучни за унапредување на капацитетите за ревизија во контекст на Планот за раст на Западен Балкан и Реформската Агенда. Дополнително, ќе ги поддржат активностите во рамките на Мрежата на ВРИ за земјите кандидати и потенцијалните кандидати за членство во ЕУ.

Посетата претставува важен чекор кон зајакнување на соработката и подобрување на ефикасноста во управувањето со средствата од ЕУ, со цел постигнување на одржлив развој во регионот.