dzr
ДРЖАВЕН ЗАВОД
ЗА РЕВИЗИЈА
ЧУВАР НА ЈАВНИТЕ СРЕДСТВА

Работна средба помеѓу Главниот државен ревизор и министерот за култура и туризам

11.07.2024

Главниот државен ревизор, м-р Максим Ацевски оствари работна средба со  министерот за култура и туризам, г. Зоран Љутков, на која во фокус беше разгледување на утврдените наоди и состојби за субјектите кои биле предмет на ревизија од областа на културата.

Главниот државен ревизор, г. Ацевски ја потенцираше важноста на соработката меѓу двете институции во насока на подобрување на управувањето со јавните средства и транспарентноста во институциите од областа на културата. На средбата беше дискутирано и за спроведувањето на препораките од ревизиите, како и за плановите за идни ревизии кои ќе овозможат понатамошно унапредување на работата на субјектите од областа на културата.

Министерот, г. Љутков го истакна значењето и улогата на државната ревизија како клучен инструмент за подобрување на ефективноста и ефикасноста на користењето на јавните средства во институциите од областа на културата.

Двајцата соговорници се согласија дека заедничката работа и взаемната поддршка се од суштинско значење за успешна имплементација на препораките и за обезбедување на висок степен на транспарентност и отчетност на институциите, а со тоа и создавање на подобро контролно опкружување и заштита на средствата на даночните обврзници.