dzr
ДРЖАВЕН ЗАВОД
ЗА РЕВИЗИЈА
ЧУВАР НА ЈАВНИТЕ СРЕДСТВА

Донирана ИТ опрема од Националниот демократски институт (НДИ)

04.07.2024

Државниот завод за ревизија доби донација од 10 лаптоп компјутери со напредни перформанси од Националниот демократски институт (НДИ) преку проектот „Програма за парламентарна поддршка“ (ПСП), финансиран од Швајцарија.

Донацијата ќе овозможи подобрени, ефикасни и дигитализирани услуги, поддржувајќи ги напорите на ДЗР во извршувањето на законски утврдените надлежности.

Договорот за донација беше потпишан од Главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски и Вишиот резидентен директор на НДИ, г. Роберт Скот Хејзлет.

(линк од договорот - /sites/default/files/Dogovor-za-donacija-na-DZR-od-NDI.pdf)

Главниот државен ревизор изрази благодарност за долгогодишната поддршка на НДИ за зголемување на ефективноста во работењето на ДЗР и зајакнување на соработката со Собранието за разгледување на ревизорските извештаи, во согласност со Меморандумот за соработка склучен во 2023 година, а исто така се заблагодари и на даночните обврзници на Швајцарија.

Соработката со НДИ ќе продолжи и во иднина за зајакнување на соработката со Собранието и поддршка на развојот на капацитетите на единиците на локална самоуправа.