На 23 и 24 декември 2024 година, со поддршка од Вестминстер Фондацијата за Демократија, се одржа обука за јавен настап и јавно говорење, насочена кон усовршување на комуникациските вештини за ефективни настапи пред јавноста, за менаџментот и дел од вработените на Државниот завод за ревизија, вклучувајќи прес-конференции, настапи на телевизија и давање изјави и интервјуа.
Обуката ги опфати основните елементи на комуникацискиот процес, вклучувајќи канали, алатки и клучни вештини за успешно и ефективно комуницирање. Преку интерактивни сесии, учесниците се запознаа со процесот на подготовка за јавен настап и вештините неопходни за јавно говорење.
Ангажираните експерти со своето богато искуство и практични совети, ги водеа учесниците низ техниките за подготовка за медиумски настапи, нагласувајќи како да ја одржат концентрацијата и самодовербата пред јавноста.
„Силните комуникациски вештини се клучни за обезбедување транспарентност и одговорност во јавните институции, Како институција која активно работи на зголемување на јавната доверба, веруваме дека секој поединец треба да има можност да ги развива своите вештини за ефективно јавно говорење и настапи. Обуките како оваа се важен чекор кон создавање поефективна и транспарентна комуникација со јавноста “, нагласи Главниот државен ревизор, Максим Ацевски.
Оваа обука им овозможи на учесниците не само да ги подобрат своите комуникациски вештини, туку и да се запознаат со најновите трендови во медиумската комуникација, што ќе им овозможи да комуницираат со јавноста на начин кој поттикнува доверба и транспарентност.