dzr
ENTI SHTETËROR
I REVIZIONIT
GUARDIAN I FONDEVE PUBLIKE

Билатерална посета на Врховната ревизорска институција на Малта

22.03.2024

Главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски оствари билатерална средба со Главниот ревизор на Врховната ревизорска институција на Малта г. Чарлс Дегуара.

На билатералната средба, Главниот државен ревизор, г. Ацевски и домаќинот г. Дегуара изразија задоволство, подготвеност и уверување дека со натамошното зајакнување на соработката меѓу двете Врховни ревизорски институции и размената на добри ревизорски практики, ќе се придонесе за поголема економичност, ефикасност и ефективност во користењето на јавните средства и во создавањето на ефективна контролна средина.

Обостраното задоволство и заложбите за континуирана професионална и техничка соработка за зајакнување на професионалните капацитети и промовирање на отчетна и ефективна надворешна ревизија, се преточени во содржината на потпишаниот Меморандум за соработка меѓу двете Врховни ревизорски институции.

Во фокусот на оваа посета е размената на искуства за клучни области од интерес и на двете институции, со посебен осврт на стратешките цели за наредните години, соработката со засегнатите страни, ревизијата на локалната самоуправа, ревизијата на целите за одржлив развој и методологиите за планирање на ревизијата.

Претставниците на двете институции со потпишувањето на Меморандумот се согласни да ги направат сите неопходни подготовки за успешна имплементација на активностите определени во него и да одржуваат отворена и ефективна комуникација за сите прашања во врска со активностите од заеднички интерес.

Линк до потпишаниот Меморандум за соработка:
https://dzr.mk/sites/default/files/dzr/doc/Memorandum_DZR_VRI_Malta_22_…

Линк до објава Врховна ревизорска институција на Малта:
Press Releases (gov.mt)