dzr
ENTI SHTETËROR
I REVIZIONIT
GUARDIAN I FONDEVE PUBLIKE

Потпишан Заеднички извештај од паралелна ревизија на успешноста „Програми за рано откривање на малигни заболувања“.

07.04.2026

Главниот државен ревизор на Државниот завод за ревизија на Република Северна Македонија, м-р Максим Ацевски и Претседателот на Сенатот на Државната ревизорска институција на Црна Гора, Синиша Чаѓеновиќ  го потпишаа Заедничкиот извештај од паралелната ревизија на успешноста на тема „Програми за рано откривање на малигни заболувања“.

 

Ревизијата е спроведена врз основа на Меморандумот за соработка потпишан во февруари 2024 година и Спогодбата за спроведување на паралелна ревизија од март 2025 година, во согласност со Насоките за спроведување на кооперативни ревизии GUID 9000.

                 

Во оваа прилика беше изразено задоволството од успешно спроведената паралелна ревизија, која опфати тема од исклучително значење за јавното здравје и квалитетот на живот на граѓаните во двете држави. Беше нагласено дека преку овој заеднички процес дополнително е зајакната професионалната соработка меѓу двете врховни ревизорски институции, како и дека е воспоставена цврста основа за идни заеднички иницијативи во области од заемен интерес.

Резултатите од спроведените ревизии укажуваат дека, и покрај континуитетот во реализацијата на програмите и одредени унапредувања во претходните години, програмите за рано откривање на малигни заболувања во двете држави сè уште не ја постигнуваат во целост својота основен цел – висок опфат на целната популација, навремена дијагностика, зголемување на раното откривање на болестите и намалување на смртноста.

         

Резултатите од ревизијата придонесуваат кон остварување на Целта за одржлив развој 3 на Обединетите нации – „Здравје и благосостојба“, преку сеопфатна оценка на ефикасноста на превентивните политики и мерки во областа на борбата против малигните заболувања.

презентација_извештај_подгорица_2026

Деталните наоди, заклучоци и препораки се достапни во поединечните национални извештаи, кои ги објавуваат надлежните институции во согласност со своите надлежности.