dzr
ENTI SHTETËROR
I REVIZIONIT
GUARDIAN I FONDEVE PUBLIKE

Интегритетот како основа во борбата против корупцијата – одбележан Меѓународниот ден за борба против корупцијата

09.12.2025

На ден 09.12.2025 година, по повод Меѓународниот ден за борба против корупцијата, Транспаренси Интернешнл – Македонија организираше настан на тема „Интегритетот како алатка во борбата против корупцијата“.

На настанот се обратија претставници од Транспаренси Интернешнл Македонија и Делегацијата на ЕУ, кои ја истакнаа важноста на интегритетот и транспарентноста во институциите.

Во рамки на панел-дискусијата, претставници од обвинителството, судството, ДЗР и ДКСК споделија искуства и предлози за ефикасна превенција и борба против корупцијата.

Во тој контекст, главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски потенцираше дека Државниот завод за ревизија во континуитет вложува сериозни напори и презема бројни активности за одржување на високото ниво на интегритет, професионализам и отчетност, особини кои го прават ДЗР институција лидер во јавниот сектор.

Исто така истакна дека управувањето со ризиците  е професионална задача на сите вработени во јавниот сектор и еден од клучните услови за ефикасно постапување во системот за превенција и борба против корупцијата.