На ден 03.03.2025 година, на Економскиот факултет при Универзитетот св. Кирил и Методиј, се одржа првата од серијалот интерни обуки за вработените на Државниот завод за ревизија согласно Годишниот план за континуирано професионално усовршување за 2025 година.
Со воведно обраќање, Главниот државен ревизор ја отвори едукацијата и ги поздрави вработените потенцирајќи дека единствено преку континуирано вложување во знаењето и вештините на државните ревизори, Државниот завод за ревизија може да го задржи и зајакне квалитетот во своето работење како институција чувар на јавните средства.
Предавач на интерната едукација за вработените е м-р Наташа Мисовска, Советник на главниот државен ревизор која одржа обука на тема "Внатрешни контроли и резултати од осигурувањето на квалитет и контрола на квалитет од 2024 година".
Континуираното професионално усовршување за вработените во Државниот завод за ревизија ќе продолжи и во следните денови опфаќајќи повеќе теми и области од ревизорската работа.