dzr
ENTI SHTETËROR
I REVIZIONIT
GUARDIAN I FONDEVE PUBLIKE

Потпишан Меморандум за соработка со Меѓународниот одбор на ревизори на НАТО

10.10.2024

Денес, во Државниот завод за ревизија, Главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски заедно со своите соработници оствари работна средба со Претседателот на Меѓународниот одбор на ревизори на НАТО г. Радек Висингер.

Со желба да ги зајакнат пријателските односи помеѓу двете страни, врз основа на еднаквост и заемна корист и свесни за нивната институционална независност и  професионална одговорност, Главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски и Претседателот на Меѓународниот одбор на ревизори на НАТО г. Радек Висингер потпишаа и Меморандум за соработка помеѓу Државниот завод за ревизија и Меѓународниот одбор на ревизори на НАТО.

Со потпишувањето на Меморандумот за соработка се предвидува унапредување на заедничката соработка во повеќе области и размена на професионални искуства и добри практики со цел подобрување на методите на јавната надворешна ревизија и професионални стандарди за ревизорите, како и поддршка на активностите за надворешна ревизија на меѓународните организации и создавање на поволни услови за спроведување на професионално стажирање во Меѓународниот одбор на ревизори на НАТО.

На билатералната средба, која се одржа во духот на взаемно разбирање и поддршка, беа презентирани активностите и досегашните резултати и успеси, а беа дискутирани и предизвиците со кои се соочуваат двете институции.

Во рамки на посетата, г. Ацевски, г. Адеми и г. Висингер остварија работна средба со Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, г. Африм Гаши, на која беа разгледани позитивните практики на земјите членки на Европската Унија и можностите за унапредување на соработката и споделувањето на професионални искуства и размена на експертиза.