dzr
ENTI SHTETËROR
I REVIZIONIT
GUARDIAN I FONDEVE PUBLIKE

Примена на кост-бенефит анализа при вршење на ревизија на инвестициони проекти

04.09.2024

Во периодот 2 – 4 септември 2024 година, дел од вработените од Државниот завод за ревизија учествуваа на работилница на тема „Подготвување на Годишната програма на Државниот завод за ревизија врз основа на Националната развојна стратегија и анализа на финансиските извештаи“, поддржана од Програмата за развој на Обединетите Нации во нашата држава (УНДП) .

Во фокус на работилницата беше изготвување на Годишна програма за работа на Државниот завод за ревизија опфаќајќи ги поставените цели на Националната развојна стратегија, која ќе ги одразува стремежите, очекувањата и согледувањата за подобро економски развиено општество и благосостојба за граѓаните.

Главниот државен ревизор, м-р Максим Ацевски и г. Армен Григорјан, Постојан  претставник на УНДП во државата во своите обраќања изразија задоволство од успешната соработка помеѓу Државниот завод за ревизија и Програмата за развој на Обединетите Нации во нашата држава (УНДП), потенцирајќи дека единствено преку зголемување на знаењата и вештините на вработените се придонесува кон создавање на поефикасно контролно опкружување.

Предавач на работилницата беше проф. д-р Марина Трпеска, редовен професор на Економскиот факултет на УКИМ, која покрај стратешките области, приоритетите и индикаторите за мерење на Националната развојна стратегија и нејзината вклученост во Годишната програма на Државниот завод за ревизија, опфати и теми поврзани со примена на кост-бенефит анализа при вршење на ревизија на инвестициони проекти и оценување на ефикасност на инвестициите во јавниот сектор, како и анализа на финансиските извештаи и прилагодување на интерните стратешки документи согласно Националната развојна стратегија.