dzr
ENTI SHTETËROR
I REVIZIONIT
GUARDIAN I FONDEVE PUBLIKE

Финансиски неправилности и потреба од современи решенија за заштита од град

30.07.2024

ДРЖАВЕН ЗАВОД ЗА РЕВИЗИЈА
-
Соопштение за медиуми -

Скопје, 31.07.2024 година

 

Финансиски неправилности и потреба од современи решенија за заштита од град

Со ревизијата утврдени се неправилности во финансиските извештаи и начинот на управување со имотот, што ја доведува во прашање реалноста и објективноста  на податоците. Ревизорите утврдиле  недостаток на ефективни решенија за заштита од град, со цел минимизирање на  штетите

 

Државниот завод за ревизија изврши ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за 2023 година.

Утврдени се состојби, неправилности и неусогласености кои влијаат на издадените мислењата на овластениот државен ревизор во однос на реалноста и објективноста на финансиските извештаи и усогласеноста со законската регулатива, упатства и воспоставените политики.

Финансиските извештаи за сметката на основен буџет (637) за 2023 година на Управата за хидрометеоролошки работи не се реални и објективни, поради што е изразено неповолно мислење. Во однос на усогласеноста со законската регулатива, упатства и воспоставените политики, ревизорите изразиле мислење со резерва за оваа сметка.

За останатите сметки на УХМР предмет на ревизија, ревизорите изразиле мислење со резерва за реалноста и објективноста на финансиските извештаи, додека за усогласеноста со законската регулатива изразено е мислење без резерва.

Утврдените состојби укажуваат дека УХМР треба да преземе активности за да ги подобри своите практики за управување и усогласеност со законските одредби за да обезбеди точност и транспарентност на своите финансиски извештаи.

Утврдени  се неправилности во делот на начинот на спроведување на пописот и тоа:

  • утврдено е дека земјиштето е евидентирано само на една локација со вредност од 782 илјади денари, додека на 18 други локации не е евидентирано и проценето;
  • четири градежни објекти не се евидентирани поради нерешен правен статус на бесправно изградените објекти;
  • постои неусогласеност помеѓу финансиската и материјалната евиденција на постојаните средства во износ од 16.229 илјади денари, поради нередовно евидентирање и усогласување на податоците;
  • дополнително, од дванаесетте моторни возила кои ги користи УХМР, девет не се евидентирани во материјалната и сметководствената евиденција, што укажува на пропусти во евиденцијата на имотот, како и
  • за дел од опремата не е пресметана амортизација, а за онаа за која е пресметана, не е во согласност со законската регулатива.

Со извршена ревизија утврдено е дека поради неажурно и неточно евидентирање на набавките и издавањето на материјалите, како и погрешно евидентирање на постојаните средства како залихи, постои разлика од 5.901 илјади денари помеѓу финансиската и материјалната евиденција на залихите на материјали и резервни делови кои се проценети на 1.978 илјади денари. Пописната комисија на 31 декември 2023 година не ги утврдила овие разлики.

УХМР до денот на ревизијата не постапило по одлуката на Владата со која на 25 ноември 2022 година се одобрила продажба на единаесет дотраени возила. Возилата сè уште не се продадени, ниту се евидентирани во сметководството на УХМР, а ваквото непостапување по одлуката на Владата резултира со пропуштен прилив во Буџетот на државата.

Со ревизијата утврден е значителен пад на бројот на вработени од 2019 до март 2024 година, со 69 испразнети работни места и само 60% засновани работни односи од одобрените вработувања од Министерството за финансии. Недостигот на квалификувани кандидати и пензионирањето на вработените, кои сочинуваат 70% од одливот, влијае на оваа состојба и на извршување на дејноста на УХМР. Просечната старост на вработените се зголемила од 51 на 53 години, а недоволниот број на човечки ресурси може да влијае на квалитетот на извршувањето на основната дејност  на УХМР во иднина.

A table with numbers and letters

Description automatically generatedПотребата од вработување на стручен кадар е утврдена и при извршениот увид на  метеоролошките станици во државата и направените анализи според кои од вкупно 19 метеоролошки станици, три се нефункционални, а постои ризик од затворање на уште четири поради пензионирање на вработените. УХМР ќе функционира со две третини од капацитетите, при што податоците ќе се обезбедуваат главно преку автоматски станици, кои даваат основни, но не и дополнителни метеоролошки информации.

 

 

 

 

 

Недостатокот на средства и планска анализа резултира со лошо одржување на метеоролошките станици, застарен инвентар и возен парк, особено во тешко достапните планински предели. Пописот од 31.12.2023 година утврди дека дел од станиците се нефункционални. Ревизијата на терен утврди дека многу објекти и опрема се неуредни и не се соодветно одржувани. Со донесување стратешки документ и обезбедување средства за годишни и повеќегодишни програми, ќе се обезбедат поефикасни и точни хидрометеоролошки податоци за државата.

               A tall grass field with a pole and wires

Description automatically generated

 

 

 

 

 

 

 

 

Рачна и автоматска метеоролошка станица                             

     slika            

 

 

 

 

 

 

 

Главна метеоролошка станица

На  сметката на буџет од самофинансирачки активности како клучно прашање истакнато   е дека законските одредби се непрецизни, неконзистентни и создаваат неизвесност во пресметувањето и остварувањето на приходите на УХМР во иднина. Потребни се итни измени и прецизирање на Законот за хидрометеоролошка дејност за да се обезбедат доволно финансиски средства за осовременување и модернизација на опремата. Иако УХМР ги наплатува услугите според тарифник од 2009 година, обидот за негово ажурирање во 2015 година бил  неуспешен. Во последните 14 години, тарифникот не е променет, и не е усогласен со реалните цени на услугите, инфлаторните движења и зголемувањата на пазарните цени.

Нашата држава со години се соочува со штети од град, кои го погодуваат земјоделството и инфраструктурата. По укинувањето на противградобијната одбрана во 2014 година и недостатокот на средства од 2015 до 2019 година поради што  УХМР нема извршено заштита од град.

Во 2019 година се воведува нова метода на авионско засејување на облаците за заштита која метода се применувала во 2021 и 2022 година, но во 2023 и 2024 година не се реализирала поради тоа што во постапките за јавни набавки не се пријавил ниту еден економски оператор.

 Владата за 2023 година исплатила  50.718 илјади денари за надомест на штети од елементарни непогоди. За разлика од начинот на постапување на УХМР, соседните земји користат различни методи за заштита, вклучувајќи комбинирани системи и дронови.

Ревизијата препорачува избирање на оптимална метода за заштита од град за да се намалат штетите.

 

Прес  контакт:

Албиона  Мустафа Мухаџири  +389 72228 203 [email protected] 
Мијалче  Дургутов  +389 70 358 486 [email protected] 
Мартин Дувњак    +389 75 268 517 [email protected]