dzr
ENTI SHTETËROR
I REVIZIONIT
GUARDIAN I FONDEVE PUBLIKE

Зголемениот јавен долг и идните обврски бараат одржлива фискална политика

09.07.2024

              

ДРЖАВЕН ЗАВОД ЗА РЕВИЗИЈА
Соопштение за медиуми -

Скопје, 09.07.2024 година

 

Зголемениот јавен долг и идните обврски бараат одржлива фискална политика

Иако е дизајнирана системска сеопфатна правна и институционална рамка за управување со јавниот долг и покрај позитивните оценки од ЕУ и ММФ за процесот на сервисирање на долгот поради достигнатото ниво на јавен долг од 62,1% од БДП на 31.12.2023 година и обврските за еврообврзниците кои доспеваат во периодот 2025-2028 година, потребно е претпазливо управување со јавните финансии преку одржливо ниво на јавен долг и соодветна фискална политика

 

slika_1

 slika_2

Ревизијата на тема „Ефикасност на мерките и политиките за сервисирање на јавниот долг“ како ревизија на успешност е извршена  со цел да  се даде одговор на прашањето: Дали мерките и политиките за сервисирање на јавниот долг се ефикасни и во функција на навремено и точно плаќање на обврските, со најнизок трошок и прифатлив ризик?“

Ревизијата беше фокусирана на оценка на активностите и спроведување на функциите на системот  и процесите за сервисирање на јавниот долг.

Беа опфатени мерките и политиките за сервисирање на јавниот долг односно расходите за сервисирање на обврските на јавниот долг прикажани во Буџетот на Република Северна Македонија за 2021, 2022 и 2023 година.

Во периодот од 2025 до 2028 година, ќе доспеваат за плаќање издадените еврообврзници, што може да создаде неизвесност во ефикасноста на сервисирањето на долгот поради зголемените потреби за финансирање на државата.

Табела бр.1 – Податоци за еврообврзници кои доспеваат во период од 2025-2028 година

                                                                                                                                                                                           во евра

Еврообврзница

Износ по проспект

Година

Доспева

Период на доспевање

Прилив

Дисконтиран износ

Каматна стапка

Годишна  камата

Вкупно камата

1

2

3

4

5

6

7

8

9

10

Еврообврзница 6

500.000.000

2018

2025

7

492.210.000

98,442%

2,750%

13.750.000

96.250.000

Еврообврзница 7

700.000.000

2020

2026

6

689.892.000

98,556%

3,675%

25.725.000

154.350.000

Еврообврзница 8

700.000.000

2021

2028

7

689.024.000

98,432%

1,625%

11.375.000

79.625.000

Еврообврзница 9

500.000.000

2023

2027

4

495.115.000

99,023%

6,960%

34.800.000

139.200.000

                       

Според проценката од ММФ наведена во Програмата за реформа на управувањето со јавните финансии 2022-2025 долгот се оценува како одржлив во основното сценарио. Сепак од перспектива на ликвидност, потребите за финансирање го надминуваат прагот на висок ризик во основното сценарио“.

Во Буџетот на Република Северна Македонија не се прикажани реалните бруто потреби за финансирање на државата  што доведува до намалена транспарентност и нецелосно прикажување на приходите и расходите во Буџетот.

Утврдените приливи и одливи за рефинансирање на долгот од издадени државни записи за годините 2021, 2022 и 2023 година изнесуваат како што следува:

Со Законот за извршување на Буџетот кој се носи секоја година предвидени се одредби со кои средствата за сервисирање на јавниот долг се извршуваат без разлика на планираната  буџетска алокација за оваа намена.

Примената на процедурите во процесот на сервисирањето на јавниот долг и воспоставеното електронското банкарство со НБРСМ овозможуваат навремено и точно плаќање на доспеаните обврски за сервисирање на јавниот долг.

Во период на здравствена, енергетска и економска криза, Министерството за финансии и покрај неповолните пазарни услови (високи каматни стапки) обезбедило средства од официјални кредитори за буџетска поддршка по пониски каматни стапки од пазарните.

Фискалната политика преку финансирање на буџетскиот дефицит има значајно влијание врз нивото и одржливоста на јавниот долг. Состојбата на јавниот долг на 31.12.2023 година изразено во проценти изнесува 58,26 % од БДП, пресметано според проекциите за БДП на Министерство за финансии, додека според податоците објавени за БДП на Државен завод за статистика во март 2024 година за четврто тримесечје во 2023 година, пресметката на јавниот долг изразена во проценти изнесува 62,01% од БДП прикажани во Табела бр.2 .

Согласно објавените официјални податоци на WEB страната на Министерството за финансии за првиот квартал за 2024 година, состојбата на јавниот долг заклучно со 31.12.2023 изразена во проценти изнесува 62,1% од БДП.

Табела бр.2 - Пресметка на јавен долг според БДП за 2023 година објавен од Државен завод за статистика и  според  проекции на БДП од Министерство за финансии

 

Опис

состојба на долг 31.12.2023во милиони денари

% од БДП според ДЗС

% од БДП според проекции на МФ

Државен долг

446.217,0

53,08%

49,87%

Гарантиран долг

70.781,6

8,42%

7,91%

Негарантиран долг 

4.285,0

0,51%

0,48%

Јавен долг

521.283,6

62,01%

58,26%

БДП според производниот метод, тековни цени – Државен завод за статистика

840.611

БДП според макроекономските индикатори на Министерство за финансии

894.727

 

Со ревизијата се нагласува дека иако сеуште не се надминати фискалните правила утврдени со Законот за буџети, сегашното ниво на јавниот долг бара во иднина  претпазливо управување со јавните финансии преку одржливо ниво на јавен долг и фискална политика со соодветно ниво на буџетски дефицит.

За подобрување и унапредување на процесот на сервисирање на јавниот долг, ревизијата препорача неколку мерки кои вклучуваат анализа на институционалната рамка за управување со јавниот долг за намалување на оперативниот ризик, точно прикажување на финансиските потреби во Буџетот, примена на анализа за одржливост на долгот при креирање на фискалната политика, дефинирање на јасна методологија за пресметка на долгот и анализа за прикажување на обврските за камати на долгорочни и краткорочни.

   Прес  контакт:

   Албиона  Мустафа Мухаџири  +389 72228 203 [email protected]

   Мијалче  Дургутов  +389 70 358 486 [email protected] 

   Мартин Дувњак    +389 75 268 517 [email protected]