dzr
ENTI SHTETËROR
I REVIZIONIT
GUARDIAN I FONDEVE PUBLIKE

Делегација на Канцеларијата за ревизија на институциите на Босна и Херцеговина во Државниот завод за ревизија

31.05.2024

На 30 и 31 мај 2024 година, Државниот завод за ревизија беше домаќин на делегација на Канцеларијата за ревизија на институциите на Босна и Херцеговина предводена од Главниот државен ревизор г. Хрвоје Твртковиќ.

Главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски и Заменик главниот државен ревизор м-р Орхан Адеми заедно со менаџментот и вработените во Државниот завод за ревизија, посакувајќи и срдечно добредојде на делегацијата на ВРИ на Босна и Херцеговина во ДЗР, изразија задоволство од преземените активности на двете Врховни ревизорски институции во насока на продлабочување на соработката и споделување на знаења, искуства и практики во вршењето на државната ревизија.

Билатералната средба изобилуваше со квалитетни презентации од вработените во Државниот завод за ревизија со цел размена на информации, знаења и практики во постапувањето на повеќе теми и области на заеднички интерес и тоа:

  • Улогата на Врховните ревизорски институции во системот за превенција и борба против корупцијата;
  • Транспарентност, комуникација и вклучување на засегнатите страни во процесот на известувањето од спроведувањето на државната ревизија;
  • Презентација на клучните наоди од спроведените ревизии на ЕУ фондовите, Основниот Буџет и ревизиите за капиталните проекти во државата;
  • Професионален развој и едукација за вработените во институцијата;

Вработените од двете институции имаа можност преку презентираните состојби и конструктивната дискусија да се запознаат подобро, подетално и потемелно со начинот на функционирањето и спроведувањето на сеопфатните активности во вршењето на државната ревизија на врховните ревизорски институции, притоа продлабочувајќи го професионалниот однос и соработка помеѓу двете институции и држави.