dzr
ENTI SHTETËROR
I REVIZIONIT
GUARDIAN I FONDEVE PUBLIKE

Работна средба со Амбасадорот на Велика Британија во државата

23.05.2023
Слика
Работна средба со Амбасадорот на Велика Британија

Денес, во просториите на Државниот завод за ревизија, Главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски оствари работна средба со Aмбасадорот на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска во нашата држава, Н.Е Метју Лосон и неговите соработници во Британската амбасада, г-ѓа. Лилјана Ристовска и г-ѓа Корнелија Радовановиќ, заедно со претставниците од Фондацијата за демократија на Вестминстер во државата, г-ѓа Дона Костуранова и г. Петар Трајков.

Главниот државен ревизор го информираше Амбасадорот на Велика Британија за целокупните активности и постигнатите резултати во работата и промоцијата на улогата на Државниот завод за ревизија, притоа потенцирајќи ги постигнатите резултати од имплементираните проекти финансирани од Британската амбасада, а подржани од Фондацијата за демократија на Вестминстер во државата.
Воедно ГДР ја истакна подготвеноста и очекувањата за продолжување и продлабочување на успешната соработка и отворање на нови можности за примена на британските искуства и практики во извршувањето на ревизиите во наредниот период
.

Во фокус на одржаната средба беше продолжување на соработката во насока на зајакнување на комуникациските практики преку изработка на нова комуникациска стратегија, експертска поддршка за ревизиите на успешност, во областите во кои ДЗР има потреба од стручен кадар, како и развивање на методологија за ревизија на вредност за пари, со примена на британското искуство и алатките за зајакнување на ревизорскиот процес (кост бенефит, кост ефективнес и сл).