dzr
ENTI SHTETËROR
I REVIZIONIT
GUARDIAN I FONDEVE PUBLIKE

ДЗР го одржа првиот работен состанок за кооперативната ревизија

10.06.2021
Слика
Учесниците на првиот состанок за кооперативната ревизија

На предлог на Секретаријатот на Оперативната група на EUROSAI за ревизија на општините (TFMA), Државниот завод за ревизија го прифати предизвикот и за прв пат ја презема улогата на координатор на кооперативна ревизија која ќе се спроведе помеѓу земјите-членки на TFMA.

По тој повод, на 08.06.2021 година, ДЗР успешно го организираше првиот онлајн работен состанок на кооперативната ревизија на успешност на тема „Сопствените приходи на општините за обезбедување квалитетни услуги на граѓаните за време на пандемијата“.

Ревизијата ќе се реализира во рамките на TFMA, во која покрај нашата институција ќе учествуваат и  ВРИ на Албанија, Црна Гора, Полска, Романија, Турција и Словачка.

Врховните ревизорски институции со планираната кооперативна ревизија ќе извршат оценка на влијанието на пандемијата со вирусот Ковид 19 на локално ниво, давајќи одговор на прашањето „Дали сопствените приходи на општините се доволни да обезбедат квалитетни услуги на граѓаните во услови на пандемија“?

Од особен интерес во оваа кооперативна ревизија ќе бидат споредбените анализи на податоците и констатираните состојби од извршените ревизии на ВРИ по предметната област, односно со кои механизми и мерки општините во другите земји се справуваат со последиците од пандемијата, а притоа ќе се осознаат добрите практики и искуства.

Учеството во кооперативните ревизии со други врховни ревизорски институции од ЕУ и пошироко  останува и натаму еден од приоритетите на ДЗР како врховна ревизорска институција, во насока на континуирано зајакнување на ревизорските вештини и унапредување на квалитетот на ревизиите.