dzr
ENTI SHTETËROR
I REVIZIONIT
GUARDIAN I FONDEVE PUBLIKE

„Разбистри се“!

23.12.2020
Слика
Средба на двете делегации

Државниот завод за ревизија дава поддршка на кампањата „Разбистри се“, иницирана од страна на Институтот за комуникациски студии (ИКС) и Алијансата за застапување и лобирање, која ја сочинуваат повеќе граѓански организации, медиуми и факултети.

За таа цел, во просториите на ДЗР се одржа работен состанок на кој претставниците од Државниот завод за ревизија и од Институтот за комуникациски студии дефинираа заеднички активности во рамки на оваа кампања, со цел да се подигне свесноста на граѓаните во нивното учество за носење и промени на јавните политики, како и да се овозможи поголем дијалог од надлежните институции во процесот на креирањето на политиките.

Предвидените активности во рамки на кампањата ќе бидат насочени кон две специфични области и тоа:

  • Управувањето со водните ресурси  (како да се користи и заштити водата) и
     
  • Воспоставување на ефикасен инспекцискиот надзор против прекумерното искористување на природните ресурси  (минерални суровини, шуми, почва и вода)

Државниот завод за ревизија како Врховна ревизорска институција, во континуитет спроведува повеќе ревизии кои опфаќаат теми од областа на  искористувањето на водата и водното право, како и ревизии на теми од областа на животната средина и искористувањето на природните ресурси. За овие состојби ДЗР континуирано алармира преку своите ревизорски извештаи, утврдени состојби и дадени препораки.