dzr
ENTI SHTETËROR
I REVIZIONIT
GUARDIAN I FONDEVE PUBLIKE

Генерален секретар

Александар Поповски - Генерален Секретар

Александар Поповски

  -Генерален Секретар-

Во ДЗР работи од 01.10.2012 година на работно место раководител на сектор за правни и општи работи, јавни набавки и односи со јавност.
Од 01.07.2015 е назначен од Главниот државен ревизор за Генерален секретар на Државниот завод за ревизија

 

Роден                            

05.07.1978 година, во Скопје

 

Образование

Правен факултет „Јустинијан I“ при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“- Скопје (1991), дипломиран правник, насока Меѓународно јавно право, каде што и магистрирал на тема „Примена на релевантните принципи на Меѓународното хуманитарно право во процесот на донесување одлуки од страна на Меѓународниот кривичен трибунал за судење на обвинетите за злосторства сторени на територијата на поранешна СФР Југославија (14.04.2006)“

 

Движење во работата 

  • Октомври 1996 - февруари 2001 – приватен сектор
  • Март 2001 – март 2002, Советник за правни работи на генералниот директор на Агенцијата за работа со блокирани сметки на учесниците во платниот промет на Република Македонија
  • Март 2002-декември 2003, В.Д Директор на Агенцијата за работа со блокирани сметки на учесниците во платниот промет
  • Март 2004 – октомври 2007 Помошник раководител на Сектор за Европска интеграција во Министерство за економија
  • Октомври 2007 – Октомври 2010 Раководител на Сектор за Европска интеграција во Министерството за економија
  • Октомври 2010 – Октомври 2012 Раководител на правен сектор во Министерството за економија
  • Октомври 2012 – Јуни 2015 Раководител на сектор за правни и општи работи, јавни набавки и односи со јавност

 

Референци

Одговорен за анализа и изготвување на нови или измени и дополнувања на законски и подзаконски донесени од Собранието на Република Македонија во периодот 2008-2012 со кои е извршено материјално и процесно усогласување на домашното законодавство со правото на ЕУ во областите на: трговски друштва, европско друштво, енергетика, стечај, европски економски интересни групи, концесии, јавно-приватно партнерство, едношалтерски систем, трговски регистар и регистар на други правни лица, услуги, внатрешен пазар, заштита на потрошувачи, трговија, технолошко-индустриски и развојни зони.

 

Обуки

  • Проценка на влијание на регулатива – одржана и организирана во рамките на Европскиот колеџ во Бриж, Кралство Белгија
  • Либерализација на трговијата – одржана во Женева и Вашингтон организирана од World learning Centre
  • Електронски едношалтерски системи компаративна обука – организирана од Danish Business authority (Централен регистар на Данска) одржана во Копенхаген
  • Проценка на влијание на регулативата – организирана од OSCE и одржана во Хаг, Кралство Холандија
  • Учесник на првата светска конференција за проценка на влијанието на регулативата одржана во Берлин, Германија 2008 година.
  • Поседува Уверение за овластен државен ревизор

 

Странски јазик

  • Англиски

 

Контакт адреса

Државен завод за ревизија
"Маршал Тито", 12/3, Палата Македонија
1.000, Скопје, Република Македонија
Тел: 3-126-311, 3-211-262
E-mail: [email protected]

 

 

 

02.07.2021