dzr
STATE AUDIT OFFICE
GUARDIAN OF PUBLIC FUNDS

Делегација на ДЗР во посета на Судот на ревизија на Кралство Белгија

19.05.2025

На 16 мај 2025 година во Брисел, делегација на Државниот завод за ревизија предводена од Главниот државен ревизор, м-р Максим Ацевски оствари  билатерална средба со делегацијата на Судот на ревизори на Кралството Белгија предводена од Претседателот на судот Г-ѓа Флоренс Тис (Florence Thys - Cour des Comptes). Средбата беше посветена на непосредно запознавање со мисијата, целите и работењето на двете Врховни ревизорски  институции, мандатот  и испитување на можностите за воспоставување на билатерлна институционална соработка и размена на искуства во областа на државната ревизија.

Билатералната средба започна со детална презентација на мандатот на Судот на ревизорите на Кралството Белгија,  кој претставува  една од најстарите Врховни ревизорски институции во светот, основана на 30 декември 1830 година, речиси истовремено со создавањето на Белгиската држава и кој што е безмалку 195 години чувар на јавните средства на граѓаните на Кралството Белгија.  

Судот на ревизорите на Белгија денес претставува современа Врховна ревизорска институција која ги применува стандардите во вршење на државна ревизија на Врховните ревизорски институции (ISSAI) со највисок квалитет.

Потоа, согласно агендата на билатералната средба, делегацијата на ДЗР имаше своја презентација за подемот и развојот на ДЗР како Врховна ревизорска институција во рамки на која беа презентирани формирањето и историскиот развој на ДЗР, потоа мандатот, надлежностите, кадровските и институционални капацитети на ДЗР, придонесот на ДЗР во меѓународната соработка и комуникацијата со засегнатите страни.

Индикаторите за мерење на додадената вредност од функцинирањето на ВРИ согласно принципите на INTOSAI P-12, како и комуникацијата со засегнатите страни предизвика особен интерес кај колегите од ВРИ Белгија, имајќи во предвид дека, како што потенцираше Претсдателката на Судот на ревизори Г-ѓа Флоренс Тис, комуникацијата на ВРИ Белгија со засегнатите страни односно со граѓаните, граѓанските огранизации и медиумите во Белгија претставува еден од најважните стратешки цели во рамки на нејзиниот мандат, за што посебно упати пофалба до ДЗР за успехот постигнат во оваа област на дејствување.

Следуваа дискусии за утврдување на можностите за воспоставување  на одржлива взаемна соработка на ревизорите од двете земји за теми од заеднички интерес во насока на унапредување на ревизорските методологии со крајна цел да се обезбеди долгорочна и одржлива  отчетност и транспарентност  во управувањето со јавните средства.

Вредно е да се одбележи дека на средбата присуствуваше и г. Себастијан Леперс член на Меѓународниот борд на ревизори на НАТО (IBAN) на кого од страна на г. Максим Ацевски и г-ѓа Флоренс Тис, беше упатена особена благодарност за координацијата и логистичката поддршка во организирањето на првата билатерлана средба на двете ВРИ, а исто така присуствуваа и претставници од IBAN и од Романскиот суд за ревизија. 

Изразувајќи подготвеност да ја прифати поканата упатена од Главниот државен ревизор М-р Максим Ацевски, за возвратна билатерална посета на Државниот завод за ревизија, Претседателката на Судот на ревизори на Кралството Белгија, Г-ѓа Флоренс Тис, истовремено ја потврди подготвеноста на Судот на ревизори на Белгија да изгради однос со ДЗР втемелен на континуирана размена на знаење и искуства, отворање можности за соработка и заеднички иницијативи кои ќе придонесат за унапредување на ефикасноста и достапноста на државната ревизија, што е во интерес на граѓаните на двете држави.

 

Фото 7

 

 

Фото 6

 

 

Фото 5

 

 

 

Фото 4

 

 

Фото 3

 

Фото 2

 

 

 

 

Фото 1