dzr
STATE AUDIT OFFICE
GUARDIAN OF PUBLIC FUNDS

Делегација на ДЗР на студиска посета во НАТО

16.05.2025

Во периодот од 12 до 16 мај 2025 година, делегација на Државниот завод за ревизија (ДЗР), предводена од Главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски, учествуваше на студиска посета и обука во седиштето на НАТО во Брисел. Посетата беше организирана од Меѓународниот одбор на ревизори на НАТО (IBAN), како дел од годишната обука посветена на размена на искуства и унапредување на ревизорските капацитети.

Програмата опфати стручна обука која се одржа на 12 и 13 мај 2025 година на тема ревизорски процеси, методологии и стандарди кои IBAN ги применува во својата работа, како и запознавање со структурата и мандатот на Одборот. Делегацијата на ДЗР имаше можност да се сретне и директно да разменува искуства со членовите и ревизорите на IBAN и претставници од Судот за ревизија на Романија кои исто така на покана на IBAN присуствуваа на обуката .

Во рамки на програмата, на 14 мај 2025 година, Главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски, заедно со новиот член на Одборот на IBAN, д-р Иван Игњатов, назначен на предлог на ДЗР, остварија билатерална средба со Претседателот на IBAN, г. Радек Висингер. Средбата беше фокусирана на продлабочување на институционалната соработка, во согласност со Меморандумот за соработка потпишан во октомври 2024 година.

На 15 мај 2025 година се одржа Годишниот состанок на Врховните ревизорски институции на земјите-членки на НАТО, На состанокот беа дискутирани Годишниот извештај за активностите на IBAN за 2024 година, како и различни аспекти на неговото работење и идни приоритети во доменот на ревизијата на безбедноста и одбраната.

На состанокот свое обраќање имаа меѓу другите и Претседателот на Европскиот суд за ревизија, г. Тони Марфи и Претседателката на Сметководствената комора на Украина, г-ѓа Олга Пишчанска.

Во рамки на состанокот остварени се повеќе билатерална средби, меѓу кои со Претседателот на Европскиот суд за ревизија г. Марфи и Претседателот на Романскиот суд за ревизија г. Михал Бусиок.

На завршниот ден од програмата на 16 мај 2025 година, делегацијата на ДЗР ќе оствари посета на Белгискиот суд за ревизија, каде ќе пречекана од Претседателката г-ѓа Флоренс Тис.

Овие активности претставуваат значаен чекор кон зајакнување на улогата на ДЗР во меѓународната ревизорска заедница и придонесуваат кон постојан развој на ревизорските капацитети во согласност со највисоките меѓународни стандарди.

Фото 4

 

Фото 8

 

 

 

Фото 6

 

Фото 5

 

Фото 2

 

 

 

Фото 3