dzr
STATE AUDIT OFFICE
GUARDIAN OF PUBLIC FUNDS

Главниот државен ревизор оствари средба со претставничката на Мисијата за јавни финансии поддржана од Светска банка

11.04.2025

Во просториите на Државниот завод за ревизија, Главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски оствари средба со госпоѓа Медиха Агар, претставничка на Мисијата за поддршка на спроведувањето на проектот „Градење ефективни, транспарентни и отчетни институции за управување со јавните финансии во Северна Македонија (P176366)“, финансиран од Светска банка.

Главниот државен ревизор ги истакна постигнатите резултати на ДЗР, со посебен акцент на напредокот на институцијата во усогласување со современите ревизорски стандарди, зголемувањето на транспарентноста и зајакнувањето на соработката со сите засегнати страни. Тој исто така изрази благодарност за поддршката од страна на Светската банка, нагласувајќи ја важноста на тековните активности кои се насочени кон развој на институционалните капацитети и модернизација на работните процеси.

Госпоѓа Агар ги ценеше постигнувањата на ДЗР и ја изрази подготвеноста за натамошна поддршка, особено во делот на подготовка и примена на методолошки упатства за системска ревизија на инструменти и заеми од Планот за раст и за добрата Реформска агенда. Таа нагласи дека знаењата и искуството на ДЗР можат да послужат како модел за други земји од регионот, со што се потврдува водечката улога на институцијата во градење ефикасни механизми за државна ревизија на јавниот сектор.

Светска банка преку проектни активности ќе го поддржи Државниот завод за ревизија во насока на унапредување на капацитетите за ревизија согласно новите стандарди за известување за одржливост (Sustainability Disclosure Standards). Оваа поддршка ќе овозможи институцијата да придонесе кон зголемена транспарентност, отчетност и интеграција на принципите на одржливост во јавниот сектор, во согласност со меѓународните стандарди и најдобрите практики.