Денес, за вработените од Државниот завод за ревизија се одржа едукација согласно Годишниот план за континуирано професионално усовршување за 2025 година, со поддршка на Телото на Обединетите нации за родова еднаквост и зајакнување на жените – UN Women.
Помошник главниот државен ревизор г-ѓа Марина Блажеска изврши презентација на утврдените состојби од спроведените ревизии на приходите од даноци, надоместоци и такси кај единиците на локалната самоуправа (ЕЛС), со посебен осврт на извршените ревизии на данокот на имот, надоместокот за уредување на градежно земјиште и комуналната такса за користење на простор пред деловни простории за вршење на дејност.
Изработката на flowchart, шематски приказ на клучните процеси, визуелизација на процеси & ISSAI стандардите во мапирањето на процесите и утврдувањето на контролите беа во фокус на презентацијата на м-р Сашо Јаковчевски, помошник на главниот државен ревизор.
Помошник раководителот на ревизија г. Гораст Николоски ги презентираше клучните утврдени состојби во извршените ревизии на родова еднаквост и родово одговорно буџетирање со посебен осврт на:
- Значење на родовата еднаквост и механизми за интеграција на родовите аспекти во јавните политики;
- Улогата на Државниот завод за ревизија во унапредување на родовата еднаквост;
- Фази во родовата ревизија на успешност;
- Родово одговорно буџетирање и категории на родово одговорното буџетирање.