dzr
STATE AUDIT OFFICE
GUARDIAN OF PUBLIC FUNDS

Делегација на ВРИ Малта во билатерална посета на Државниот завод за ревизија

23.10.2024

На ден 23.10.2024 година, во рамките на иницијативите за продлабочување на соработката помеѓу Врховните ревизорски институции на Малта и Република Северна Македонија, делегација на Врховната ревизорска институција на Малта предводена од Главниот ревизор г. Чарлс Дегуара престојува во билатерална посета на Државниот завод за ревизија.

Изразувајќи задоволство од досегашната соработка и посветеност кон зајакнување на партнерството помеѓу двете институции, Главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски презентирајќи ја работата на ДЗР и постигнатите резултати се осврна на клучните утврдени состојби презентирани во Годишниот извештај за работата на ДЗР за 2023 година.

На тема „Проценка на ризик при планирање на ревизијата“, г. Чарлс Дегуара од Врховната ревизорска институција на Малта се фокусираше на методологиите и инструментите кои можат да помогнат во идентификувањето на ризиците при планирањето на ревизорските активности, како и на значајноста на стратегиското управување со ризиците за постигнување на целите на ревизијата.

Претставниците од двете делегации дискутираа за можностите за зајакнување на соработката помеѓу двете ВРИ, која вклучува размена на идеи на добри практики, заеднички проекти и активности, како и можности за обука и развој на професионалните капацитети и студиски престој за вработените.

Оваа билатерална средба ја потврди посветеноста на двете институции за продолжување на соработката и зајакнување на партнерството, со цел подобрување на ревизорските практики и управувањето со јавните средства во интерес на граѓаните.