dzr
STATE AUDIT OFFICE
GUARDIAN OF PUBLIC FUNDS

Конференција за националните капацитети за евалуација во Република Кина

17.10.2024

Делегација на Државниот завод за ревизија предводена од Главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски присуствува на конференцијата за националните капацитети за евалуација (NEC 2024), што се одржува во периодот од 14-18 октомври 2024 година, во Пекинг, Република Кина, организирана од Канцеларијата на УНДП за национална евалуација (IEO), Меѓународната агенција за развој и соработка во Кина (CIDCA) и Глобалната иницијатива за евалуација (GEI).

Придонесот на конференцијата е во насока на зајакнување на капацитетите, системите на модернизација на Владите и соработка на меѓу секторските политики, со цел ефикасно и ефективно справување со предизвиците како: пандемијата, кризата со храна, енергетската криза и сл.

Присуството на NEC 2024 година, Главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски  го искористи и за остварување на повеќе билатерални средби со претставници од повеќе држави и меѓународни институции меѓу кои и средби со г-ѓа Isabelle Mercier, директор на Канцеларијата на УНДП за независна евалуација, г. Achim Steiner, администратор на УНДП, г. Cui Zhenlong, генерален директор на Секторот за отчетност на Националниот завод за ревизија, г. Li Qianwen, заменик претседател на Универзитетот за ревизија во Република Кина и г. Zhao Fengtao, заменик претседател на кинеската агенција за меѓународна развојна соработка.

На одржаните работни средби, Главниот државен ревизор ја истакна улогата и значењето на Врховните ревизорски институции кои со извршените ревизии и дадените препораки водат кон подобрување и зајакнување на националните системи за имплементирање на Целите за одржлив развој (ЦОР), како и можностите за продлабочување на соработката со институциите со цел јакнење на институционалните капацитети.

На конференцијата беа споделени различни искуства и практики на државите во однос  на зајакнување на националните системи за евалуација и нивната улога во постигнувањето на ЦОР, зајакнување на капацитетите за евалуација особено во доменот  на одржливата животна средина и климатските промени, инклузивноста и важноста на гласот на граѓанинот. Беше посочено дека глобалната соработка, ефективното користење на техниките за оценка, достапна, отчетна и соодветна евиденција, како и дигитализацијата на јавниот сектор обезбедуваат подобри  и поефикасни системи за евалуација. Во завршниот дел беше презентиран предлог акционен план за одговорни системи за евалуација за 2030 година.

Учеството на претставниците на ДЗР на конференцијата NEC 2024 година е овозможено преку тековната и успешна соработка на United  Nations Development Programme (UNDP) канцеларијата во Скопје и Државниот завод за ревизија.