dzr
STATE AUDIT OFFICE
GUARDIAN OF PUBLIC FUNDS

Подобрување на состојбите во областа на дигиталната трансформација

15.08.2024

Главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски и Заменик главниот државен ревизор м-р Орхан Адеми, денес во просториите на Државниот завод за ревизија, остварија работна средба со министерот за дигитална трансформација г. Стефан Андоновски и државниот секретар, г-ѓа Гордана Клинчарова.

Во фокус на одржаната работна средба беа утврдените клучни состојби во објавените конечни ревизорски извештаи на Државниот завод за ревизија во изминатиот период од областа на информатичката технологија, кои ДЗР ги врши како ИТ ревизии согласно својата Годишна програма за работа.

Министерот за дигитална трансформација го потенцираше сериозниот пристап во разгледувањето на конечните ревизорски извештаи на ДЗР и преземањето на конкретни мерки и активности по дадените препораки, воедно истакнувајќи дека и во наредниот период со Министерството за дигитална трансформација со особена важност ќе ги земе во предвид сите ревизорски извештаи од областа на информатичката технологија и дигитална трансформација.