dzr
STATE AUDIT OFFICE
GUARDIAN OF PUBLIC FUNDS

Продолжување на успешната соработка со канцеларијата на UN Women во државата

13.08.2024

Главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски оствари работна средба со г-ѓа Весна Ивановиќ Кастаред, Раководител на Канцеларијата на UN Women во нашата држава.

На остварената работна средба, двајцата соговорници се осврнаа на досегашната успешна соработка и дискутираа за идните заеднички активности меѓу ДЗР и Телото на Обединетите Нации за родова еднаквост и зајакнување на жените - UN Women за вклучување на родовата перспектива во извршувањето на ревизиите.

 Државниот завод за ревизија во соработка и со поддршка на  UN Women  настојува во континуитет да обезбеди видливост на политиките кои треба да придонесат за остварување и имплементација на Целта за одржлив развој број 5 – Родова еднаквост.

Државниот завод за ревизија претставува сериозен и кредибилен партнер на UN Women во промовирањето на родовата ревизија и вклучување на родовите аспекти во главните политики.