dzr
STATE AUDIT OFFICE
GUARDIAN OF PUBLIC FUNDS

Работна средба на Главниот државен ревизор со в.д. директорот на Бирото за јавни набавки

12.08.2024

Денес, во просториите на Државниот завод за ревизија, Главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски оствари работна средба со г-ѓа Маре Богева – Мицовска, в.д. директор на Бирото за јавни набавки.

На работната средба, двајцата соговорници дискутираа на повеќе теми и области од заеднички интерес и меѓусебна соработка и тоа:

  • Преземени активности во рамки на координативното тело за следење на јавните набавки во Република Северна Македонија за период од 2022 – 2026 година во кое Државниот завод за ревизија има свои претставници;

  • Следење на влијанието и резултатите на стратешките и оперативните цели од реализацијата на Стратегијата за унапредување на системот за јавните набавки;

  • Преземени активности на работната група формирана со решение на Главниот државен ревизор, за изготвување на Брошура согласно Прирачникот за најчести грешки при спроведување на постапките за доделување на договори за јавни набавки.

Државниот завод за ревизија со Годишната програма за работа на ДЗР за 2023 година, изврши ревизија на усогласеност на тема „Процесот на доделување на договорите за јавна набавка‘‘, во која како критериум за оценка на ризиците и за изборот на субјекти опфатени со  ревизија користени се „црвени знаменца‘‘ утврдени во јавно објавениот Извештај за црвени знаменца од страна на Биро за јавни набавки.