dzr
STATE AUDIT OFFICE
GUARDIAN OF PUBLIC FUNDS

Делегација на ДЗР присуствуваше на јубилејот 180 години Државна ревизорска институција на Република Србија

29.07.2024

Во периодот 24-26 јули, делегација на Државниот завод за ревизија предводена од Главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски, присуствуваше на одбележувањето на јубилејот на Државната ревизорска институција на Република Србија која прослави 180 години од формирањето на Главната контрола, она што денес е Државна ревизорска институција на Република Србија.

Со отворената изложба насловена „Од Главна контрола до Државна ревизорска институција 1844-2024“ во Народното Собрание на Република Србија, официјално започна тридневното одбележување на јубилејот, на кој покрај делегацијата од Државниот завод за ревизија присуствуваа и претставници на повеќе Врховни ревизорски институции.

Главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски заедно со своите соработници активно учествуваше на конференцијата по повод јубилејот на ВРИ Србија на која во три панел дискусии се дискутираше за значењето на државната ревизија во ревизијата на трошењето на јавните средства, развојните трендови и меѓусебната соработка на Врховните ревизорски институции, како и за бенефитите од државната ревизија и додадената вредност за државата и граѓаните.

Во знак на исклучително добрата соработка помеѓу Државниот завод за ревизија и Државната ревизорска институција на Република Србија и успешно реализираните заеднички активности, Претседателот на Државната ревизорска институција г. Душко Пејовиќ му врачи Благодарница на Главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски со искрени очекувања оваа успешна соработка да продолжи и во иднина.