dzr
STATE AUDIT OFFICE
GUARDIAN OF PUBLIC FUNDS

Еднодневна работилница на ДЗР и СИГМА

05.04.2019
Слика
Еднодневна работилница на ДЗР и СИГМА

Тема: Ревизија на основниот државен буџет со поддршка на СИГМА

Со цел да обезбедат што повеќе информации и сознанија за моменталната состојба со која се соочуваат ревизорите во ДЗР, кога е во прашање задолжителното вршење ревизија на спроведување на основниот буџет и на буџетите на крајните буџетски корисници, претставниците на СИГМА одржаа еднодневна работилница во Скопје.

Истата беше одржана со членовите на работната група  на ДЗР предводена од заменик главниот државен ревизор, Насер Адеми, а како претставници на СИГМА учествуваа г-ѓа Lelde Dimante (ВРИ на Латвија), г-н Martin Sinclair (ВРИ на Велика Британија) и г-ѓа Bianca Brétéché (СИГМА).   

Од страна на ДЗР,  по однос на вршењето ревизија на основниот буџет, беше презентиран тековниот пристап, предизвиците и плановите за во иднина.

За време на работилницата беа презентирани  и дискутирани искуствата околу темата кои ги имаат Врховните ревизорски институции на Латвија и на Велика Британија.

Новите сознанија се во насока да придонесат за поефективно извршување на ревизијата на буџетските сметки со расположивите ресурси на ДЗР, за да помогнат во изработката на нацрт-прирачник. Всушност, работилницата претставува вовед во изготвување на „Прирачник за ревизија на основниот буџет“ за чија цел во ДЗР е формирана работна група.