dzr
STATE AUDIT OFFICE
GUARDIAN OF PUBLIC FUNDS

Потпишан Меморандум за разбирање меѓу Државниот завод за ревизија и Органот за отчетност на Обединетите Арапски Емирати

22.07.2026

Главниот државен ревизор, м-р Максим Ацевски, денеска потпиша Меморандум за разбирање со Органот за отчетност на Обединетите Арапски Емирати (UAE Accountability Authority), со што се воспоставува рамка за унапредување на меѓусебната соработка во областа на ревизијата на јавниот сектор.

Потпишувањето на Меморандумот беше реализирано онлајн, со учество на претставници на двете врховни ревизорски институции.

Со Меморандумот се предвидува размена на знаења, искуства и добри практики во областа на финансиската ревизија, ревизијата на успешност и ревизијата на усогласеност, како и соработка во развојот на ревизорските методологии, примената на иновативни технологии, ревизијата на информациските системи, управувањето со институционалните ризици и јакнењето на професионалните капацитети преку обуки, работилници и експертски средби.

Оваа соработка претставува значаен чекор во продлабочувањето на меѓународните партнерства на Државниот завод за ревизија и придонесува кон понатамошно унапредување на квалитетот, ефикасноста и современиот пристап во спроведувањето на државната ревизија, во согласност со меѓународните стандарди и најдобрите практики.