Државниот завод за ревизија ги информира политичките партии кои заклучно со среда, 13 мај 2026 година, нема да ги извршат целосно обврските за финансиско известување пропишани со Закон за финансирање на политички партии („Службен весник на Република Македонија“ бр. 76/04, 86/08, 161/08, 96/09, 148/11, 142/12, 23/13 и 140/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 294/20) односно да имаат доставена годишна сметка, годишен финансиски извештај и извештај од регистар на примени донации за 2025 година, за истите ќе предложи до министерот за правда донесување на Одлука за губење на правото на редовно годишно финансирање од Буџетот на Република Северна Македонија согласно член 27 – б од Закон за финансирање на политички партии.
Доставата на наведените извештаи може да се врши во архивата на Државниот завод за ревизија на адреса ул. Павел Шатев 2 Палата „Емануел Чучков“ во Скопје или електронски на официјалната адреса на Државниот завод за ревизија [email protected].