dzr
STATE AUDIT OFFICE
GUARDIAN OF PUBLIC FUNDS

Работилница на тема „Управување со јавен долг“ во Државниот завод за ревизија

25.02.2026

На 25 февруари 2026 година, во просториите на Државниот завод за ревизија се одржа работилница на тема „Управување со јавен долг“, организирана со поддршка на Светска банка, со цел зајакнување на капацитетите на државните ревизори. Предавачи на работилницата беа Lars Jessen и Mitchell O’Brien.

Во фокусот на работилницата беше улогата на државната ревизија во системот на управување со јавниот долг, при што беше нагласено значењето на транспарентноста, отчетноста и редовното известување како предуслови за одржливо управување со јавните финансии.

Експертите ги презентираа основните принципи и меѓународните практики за управување со јавниот долг, со посебен осврт на трошоците и клучните ризици (каматен, валутен и ризик од рефинансирање), како и индикаторите и пристапите за нивно систематско следење. Дополнително, беше претставена новата DeMPA методологија како алатка за оценување на институционалната рамка и перформансите во управувањето со јавниот долг.

Соработката меѓу институциите, како и јасно дефинираната одговорност и улогата на Парламентот и државната ревизија, беа истакнати како клучни фактори за обезбедување ефективен демократски надзор врз управувањето со јавните средства.

Државниот завод за ревизија останува посветен на унапредување на доброто управување со јавните финансии, преку континуирано зајакнување на стручните капацитети и примена на меѓународни стандарди и добри практики.