dzr
STATE AUDIT OFFICE
GUARDIAN OF PUBLIC FUNDS

Известување за доставување на Завршни сметки до Државниот завод за ревизија

25.02.2026

Со цел запазување на законскиот рок пропишан со член 29 став (1) од Закон за сметководството за буџетите и буџетските корисници („Службен весник на Република Македонија“ бр. 61/02, 98/02, 81/05, 24/11, 145/15 и 170/17 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 122/21) односно Буџетите и буџетските корисници се должни завршните сметки да ги достават до Регистарот на завршните сметки при Централниот регистар и до Државниот завод за ревизија до крајот на месец февруари наредната година.

За таа цел, Државниот завод за ревизија известува дека на ден 28 февруари 2026 година (сабота) ќе се обезбеди непречен прием на завршните сметки во седиштето на Државниот завод за ревизија на ул. „Павел Шатев“ број 2, Административна палата „Емануел Чучков“ во текот на целиот ден заклучно со 00:00 часот.

Во истовреме Државниот завод за ревизија потсетува на потребата од доследно почитување и извршување на обврската согласно член 29 став (2) од Закон за сметководството за буџетите и буџетските корисници со која се задолжени Буџетите и буџетските корисници завршните сметки да ги објават на својата веб страница во рок од 15 дена од денот на доставување на завршните сметки до Регистарот на годишните сметки при Централниот регистар.