dzr
STATE AUDIT OFFICE
GUARDIAN OF PUBLIC FUNDS

Вложуваме во човечки ресурси

29.05.2025

Денес, во просториите на Државниот завод за ревизија, Главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски, во присуство на Заменик главниот државен ревизор м-р Орхан Адеми, им ги врачи решенијата за унапредување на вработените кои се распоредени на работни места „Советник на главниот државен ревизор“ и „Помошник на главниот државен ревизор“, согласно последно објавените огласи за унапредување.

Во согласност со Законот за државната ревизија, Законот за административните службеници и Правилникот за систематизација на работни места на ДЗР, унапредувањата се реализирани врз основа на спроведена законска постапка, со цел натамошно јакнење на институционалните капацитети и професионален развој на човечките ресурси.

Во следните звања се унапредени:

  • Тања Јаневска – Советник на главниот државен ревизор;
  • м-р Сашо Јаковчевски – Советник на главниот државен ревизор;
  • Катерина Чалоска - Алексовска – Помошник на главниот државен ревизор; и
  • Катица Николовска – Помошник на главниот државен ревизор.

Главниот државен ревизор изрази задоволство од постојаниот професионален ангажман на унапредените вработени, посочувајќи дека човечките ресурси претставуваат клучен елемент за спроведување на мисијата на Државниот завод за ревизија – обезбедување навремена, објективна и квалитетна ревизија во функција на унапредување на јавната отчетност и доброто управување.

ДЗР продолжува со својата заложба за развој на стручните капацитети преку транспарентни процеси на унапредување и континуиран професионален развој на своите вработени, во согласност со стратешките и планските документи за управување со човечките ресурси.