Државниот завод за ревизија, претставуван од м-р Максим Ацевски потпиша Меморандум со проектот „Заедници со интегритет“, поддржан од Владите на Швајцарија и Шведска, а имплементиран од Националниот демократски институт (НДИ).
Во наредните четири години, ќе работиме заедно за да ги постигнеме следните цели:
Зајакнување на соработката помеѓу ДЗР и избраните општини за подобро разбирање и спроведување на ревизорските извештаи.
Зголемување на ефективноста на ревизиите во овие општини.
Подобрување на капацитетите на ДЗР преку дигитализација и примена на иновативни алатки.
Унапредување на транспарентноста и отчетноста на локално ниво.
Со оваа соработка, заеднички ќе придонесеме кон зајакнување на интегритетот во општините кој ќе придонесе кон создавање општини отпорни на корупција, но и поефикасно, транспарентно и отчетно управување со јавните средства.




