dzr
STATE AUDIT OFFICE
GUARDIAN OF PUBLIC FUNDS

Зајакнување на капацитетите во областа на фискалната анализа и проектирањето на економските политики

14.04.2025

Во периодот од 9 до 11 април 2025 година се одржа тридневна обука на тема „Output gap and elasticities“, организирана и спроведена од експерти од Светска банка.

Оваа специјализирана обука беше наменета за претставници од Фискалниот совет, ДЗР, Народната банка, академската заедница, граѓанскиот сектор, со цел зајакнување на капацитетите во областа на фискалната анализа и проектирањето на економските политики.

Обуката се одвиваше преку теоретски презентации и практични примери, со користење на апликацијата EViews, алатка која овозможува статистичка и економетриска анализа на макроекономски податоци.

Учесниците на обуката се запознаа со новите фискални правила во ЕУ, проценка на потенцијалниот производ и output gap за нашата држава, цикличните компоненти на фискалната политика, автоматските стабилизатори и примена на моделот на фискални импулси, како и проценка на одржливоста на јавниот долг.

Преку практични вежби и изработка на графикони и табели, учесниците стекнаа дополнително разбирање за современите алатки и пристапи во анализата на фискалната политика.