dzr
STATE AUDIT OFFICE
GUARDIAN OF PUBLIC FUNDS

Работна средба со Амбасадорот на Република Австрија во нашата држава

14.03.2025

Денес, во Државниот завод за ревизија, Главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски оствари работна средба со Амбасадорот на Република Австрија во нашата држава, Н.Е. Мартин Памер.

Главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски заблагодарувајќи се на интересот на Амбасадорот да го посети и да се запознае со работата на Државниот завод за ревизија, ги презентираше резултатите и активностите на ДЗР во изминатиот период.

Амбасадорот Памер, изразувајќи задоволство од резултатите и успесите на Државниот завод за ревизија потенцираше дека е импресиониран од работата и презентираните резултати на Главниот државен ревизор издвојувајќи го ДЗР како една од најефикасните и најтранспарентни институции во државата.