На ден 07.03.2025 година, советникот на главниот државен ревизор м-р Тања Тасевска е предавач на едукацијата за државните ревизори на која се осврна на ревизијата на успешност во фазите на планирање, извршување и известување на ревизијата.
Во текот на едукацијата се опфатија повеќе теми и области поврзани со процесот на извршување на ревизијата на успешност и тоа:
- Постапување со барањата на надворешните заинтересирани страни;
- Kритериуми кои ги користат ВРИ за избор на теми за ревизија на успешност;
- Дизајнирање на ревизија на успешност и спроведување на прелиминарни истражувања;
- Одредување на пристап за ревизија на успешност.
Исто така, во фокус на денешната едукација беше и начинот на кој се формулираат ревизорските прашања, одредување на опфатот на ревизијата, изборот на критериуми за ревизија, како и развивање на методологија и управување со ризиците.