dzr
STATE AUDIT OFFICE
GUARDIAN OF PUBLIC FUNDS

Заменик директорот за меѓународна соработка на Судот за сметки на Франција во билатерална посета на Државниот завод за ревизија

04.02.2025

Во периодот 3-4.2.2025 година, Државниот завод за ревизија е домаќин на Заменик директорот за меѓународна соработка на Судот за сметки на Република Франција, г. Гуилом Бруле кој е во билатерална посета на Државниот завод за ревизија.

Посакувајќи срдечно добредојде и искажувајќи задоволство од интересот за размена на искуства и практики, Главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски ги презентираше активностите на Државниот завод за ревизија, како и клучните резултати остварени во изминатиот период. Притоа потенцираше дека единствениот начин да се учи и да се напредува е преку остварување на билатерална и мултилатерална соработка со Врховни ревизорски институции и преку учење едни од други.

Заменик директорот за меѓународна соработка на Судот за сметки на Република Франција, заблагодарувајќи се на гостопримството и поздравувајќи ги одличните резултати на Државниот завод за ревизија, ги презентираше практиките и активностите во Судот за сметки на Република Франција.

Во текот на дводневната билатерална посета, најблиските соработници на Главниот државен ревизор презентираа на повеќе теми и области, со осврт на меѓународната соработка и активности на Државниот завод за ревизија, примената на новите технологии и иновации во процесот на вршење на ревизијата, како и активните заложби во системот за превенција и борба против корупцијата.